dvv international in South East Europe
 
 
Дома Новости UIL доделува КОНФИНТЕА стипендии
UIL доделува КОНФИНТЕА стипендии
10 Мај 2011

За да го поддржи реализирањето на обврските на КОНФИНТЕА VI, Институтот на УНЕСКО за доживотно учење доделува четири стипендии за главнииот кадар од земјите-членки. Учесниците треба да бидат владини службеници и претпоставени експерти за образование за возрасни.

Дел од нивната задача ќе биде да направат предлог план за политичка и стратегиска рамка за да се стави (по можност по детална национална конултација)  во погон Белемската рамка за акција во секоја од нивните земји.

Стипендиите траат од две недели до два месеца. UIL нуди целосно опремена работилница поврзана со мрежа, средства од нивниот центар со единствена документација и библиотека. Со 63.000 книги, документи, неиздадени материјали и списанија за образование за возрасни, за писменост, за неформално образование и доживотно учење, таа е една од најопфатните колекции од таков вид во светот. Создадена во 1952 од страна на Инситутот за образование на УНЕСКО, таа се состои од материјали на англиски јазик (околу 60% од колекцијата), како и изданија на германски, француски, шпански и други јазици.

Крајната намера на стипендиите е да се поттикне способноста на земјите членки да ја спроведуваат Белемската рамка за акција на државно ниво преку создавање на предлог план за национална политика и стратегиска рамка.

Главните цели се да се оддржи политичка анализа и политичка формулација на земјите-членки, да се зајакне поддршката да учествуваат земјите членки во образованието за возрасни и да се засили соработката помеѓу претприемачите за образование за возрасни на државно ниво.

Очекувани резултати: Преку програмата за стипендии, претпоставените експерти од Земјите членки ќе ја развијат способноста за политичка анализа  и за формулирање, планирање, реализирање на програмите за образование за возрасни. Секој учесник ќе треба да подготви план предлог за национална политика и стратегиска рамкса за follow-up на Белемската рамка за акција.

Учесници: Учесниците ќе се бираат според нивниот потенцијал да ги исполнат намерите и целите споменати погоре. Кандидатите треба по мопжност да бидат владени службеници од земјите-членки или претпоставени експерти за образование за возрасни. Од посебен интерес е нивното искуство или вклученост во планирање или реализирање на владени или невладени програми за образование за возрасни.

Географскиот (регионално и национално) и половиот баланс на кандидатите за Програмата  за стипендии на КОНФИНТЕА VI  ќе се бара во целост .

Според ова, критериумите за селекеција на кандидатите се следниве:

  • Потенцијалните учесници треба да имаат одлично искуство со писменост, неформално образование, доживотно учење или образование за возрасни, без разлика дали е во контекст на владата, на општеството или истражување;
  • Тие треба да бидат вклучени во политичка формулација или во планирање и реализирање на програмите на национално ниво;
  • Пред треба да се вклучени во националните активности поврзани со подготовките и реализирање на КОНФИНТЕА VI, а во корист би било и планирање на  follow-up ; и
  • Кандидатите треба да знаат англиски како заеднички јазик во Институтот; а, би било корисно да знаат и друг официјален јазик на ОН или УНЕСКО.
  • Да се има предвид дека стипендиите им се доделуваат само на кандидати од земјите во развој или транзиција

Како да се пријавите: Заинтересираните кандидати треба да испратат писмена апликација до UIL преку нивната Национална комисија на УНЕСКО. Апликантите треба внимателно да ги земат предвид критериумите посочени погоре. Пријавите се доделуваат во однос на исполнетите критериуми и големината на средствата. Ве молиме, пријавете се до 15 јуни 2011.

Контакт: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 
<<<