dvv international in South East Europe
 
 
Дома Новости Набљудување на реализацијата на Белемската рамка за акција: Интернационален експерт состанок во UIL, 25- 27 Јануари 2011
Набљудување на реализацијата на Белемската рамка за акција: Интернационален експерт состанок во UIL, 25- 27 Јануари 2011
17 Мај 2011

Дваесет и седум владини екперти и шефови на одделот за неформално образование за возрасни и претставници на муѓувладини и граѓански организации од сите региони во светот учествуваа во интернационалниот состанок во UIL во Јануари за да водат разговори за пристапите и методите за набљудување на реализацијата на Белемската рамка за акција.

Поради техничката природа на состанокот, на состанокот се вклучија и специјалисти од сите регионални бироа на УНЕСКО и од Инситутит за статистика на УНЕСКО.

Состанокот беше важен елемент за стратегијата на УНЕСКО да го кооординира набљудувањето на предлозите што се издиктирани во Белемската рамка. Претходно, UIL направи Целокупна набљудувачка стратегија за да даде еден обединет пристап кон набљудувањето на реализацијата на Белемската рамка и општиот развој на образованието за возрасни и доживотното учење. Целта беше да ги вклучи и создаде синергиите за сите постојани или закажани активности на набљудување (без разлика дали се национални, регионални или интернационални- како UNLD, EFA и MDG).

Во процесот на преведување и поедноставување на сложените предлози на Белемската рамка кои се преклопуваат, како технички инструмент послужи Матрица на набљудување. Таа може да послужи во реализирањето на клучните сфери на оперативно ниво- и понатаму може да послужи како универзален образец, прилагоден на сите потребни ситуации и нивоа. Следствено, беа вклучени и клучни прашања и индикативни одговори за да го подготват патот за развој на индикатори, како и потенцијални извори на информации за процесот на набљудување.

Со оваа позадина, првата цел на овој експерт состанок беше да се разгледаат до детаљ и да се корегираат овие два документи, кои веќе беа тема на интернационалален онлајн консултационен форум во октомври/ноември 2010. Вората цел на состанокот беше да се разгледа и развие суштински збир од општи индикатори кои можат да се применат во најразлични ситуации. Трето, на состанокот требаше да се предложат дополнителни сфери со истражувачка важност кои ќе го следат реализирањето на Белемската рамка.

Состанокот обелодени голем број искуства поврзани со воведување и набљудување на прогрес за образование за возрасни на национално и меѓунационалнно ниво, иако повеќето од нив не беа исклучиво создадени во рамките на follow-up на КОНФИНТЕА VI. За збогатување на Набљудувачката стратегија помогна важен фидбек кој ја нагласи потребата концептите да бидат понатаму објаснети и да се продолжи поддршката на образованието за возрасни.

Учесниците предложија две конкретни грижи кои ја потврдија важноста на УНЕСКО за Набљудувачката стратегија и ги одразија коментарите на онлајн консултациите. Пед сѐ, националната ситуација и специфичностите мораат да се земат предвид, а процесот на набљудување мора да биде на национално ниво, дури иако целокупната стратегија за набљудување е од глобален опфат. Потоа, набљудувањето на образованието за возрасни воопшто и конкретно Белемската рамка мора да се балансираат со други извештајни процеси, и на интернационално и национално ниво (и во министерствата).

На состанокот беше испитан потенцијалот на Набљудувачката матрица како глобален образец и беа одразени можните интернационални суштински индикатори. Се дискутираше за националниот процес на набљудување и за важни прашања во склоп на клучните сфери на Белемската рамка (политика, управа, финансирање, учество и квалитет). Предвид беа земени конкретни државни ситуации и регионални приоритети. Овие преговори донесоа многу корисни предлози за инструкции и прашања што УНЕСКО ќе ги подготви за првите post-CONFINTEA нацинални извештаи за прогресот. Беше прифатено дека јасен и организиран прашалник е од исклучителна важност за извештаите.

Важен резултат беше тоа што беа предложени приоритети за понатамошните прашања на Глобалниот извештај за учење и образование за возрасни (GRALE), што ќе биде главниот инструмент на УНЕСКО во давање на целосен извештај за процесот follow-up на КОНФИНТЕА. Конкретен предлог беше да биде еден тематски аспект во фокус на секој нареден GRALE, покрај постојан збир од суштински прашања за целокупнниот развој на образованието за возрасни. Како можна организација е да се подели GRALE на два дела: едниот со кратки црти за прогресот во клучните сфери на Белемската рамка за акција, а другиот да се фокусира на конкретна тема. За нареднот GRALE, кој се очекува да излезе во 2012 и чии национални упатства и извештаи ќе бидат подготвени до крајот на 2011, фокусот предложен на состанокот е „писменост на возрасни".

Како придонес на интензивното разгледување на националниот извештаен процес со помош на инструкции, на состанокот беше предложено некои конкретни сфери, кои бараат темелно истражување, да ги дадат информациите што не можат да се добијат преку национални извештаи. Приоритетните сфери предложени за понатамошни истражувања се концептуални дефиниции, финансирање на механизмот, писменост и признавање, валиднот, и акредитација на учење.

И покрај тоа што на состанокот не се постигнаа сите цели, УНЕСКО доби голем број совети од исклучителна важност за набљудување на предлозите на Белемската рамка. UIL моментално создава збир од прелиминарни инструкции за национален извештаен прогрес, во блиска соработка со UIS и одделот на UNLD во седиштето на УНЕСКО.  Овие ќе бидат понатаму дискутирани на вториот состанок на Советодавната група на КОНФИНТЕА VI што ќе се оддржи во Мексико Сити, Мексико, на 28 мај, 2011.

 
<<<