dvv international in South East Europe
 
 
Дома Новости Назначен нов директор на UIL
Назначен нов директор на UIL
20 Мај 2011

Арни Карлсен од Данска е назначeн за нов директор на UIL од страна на генералниот директор на УНЕСКО.  Г-дин Карлсен, директор за интернационални работи во данското училиште за образование Архус Универзитет во Копенхаген, има големо професионално искуство во предавање и истражување и водечка улога во неколку интернационални иницијативи за доживотно учење.

Тој е извршен директор на Интернационалната алијанса на Институтите за водечко образование (IALEI), Програмски менаџер на Програмата за мастер на Ерасмус мундус за доживотно учење, и претседавач на седиштето за доживотно учење, мрежа на азиски и европски универзитети и истражувачи. Г-дин Карлсен има голема врска со UIL, на пример како член на Консултативната група за шестата интернационална конференција за образование на возрасни (КОНФИНТЕА VI). Ќе го заземе своето  работно место од 1 јуни 2011.

Г-дин Карлсен ќе го наследи Адама Уане од Мали, кој завршува кариера скоро 30 години со УНЕСКО. Пред да стане директор на тогашниот УНЕСКО институт за образование во 2000, има работено во UIE како истражувач помеѓу 1982 и 1995 и во седиштето на УНЕСКО од 1995 до 2000.

Посакувајќи му добредојде на неодамнешниот состанок на Управниот одбор на UIL,   Г-дин Уане рече, „Со неговото долго искуство и посветеност на доживотното учење, Арни Карлсен е во одлична состојба да ја подобри работата на UIL за да го направи доживотното учење реалност. Среќен сум што го препуштаме институтот во толку вешти раце. "

Г-дин Карлсен рече, „Среќен сум што имав можност да се запознаам со персоналот на институтот и Управнот одбор претходно. Среќен сум што ја превземам оваа позиција. Се радувам на улогата во управување на UIL во неговата потрага по повисок профил за доживотно учење, за кое јас лично верувам дека е клучно за развојот на индивидуалците и општествата низ светот".

 
<<<